Црна хроника
Кривична за уредник на портал и директор на медиум
Уредник на портал и директор на фирма заработија кривична пријава заради тоа што злоупотребиле лични податоци и без знаење на жртвата отвориле лажен фејсбук профил и поставувале непримерни коментари, а сето тоа го објавиле на порталот.
Како што соопшти МВР, СВР Битола поднесе кривична пријава против лицата Д.К (28) од Куманово, А.П.(26) од Скопје и „Медиа пет“ ДООЕЛ Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“. Првопријавениот, уредник на веб порталот „Think.mk“, и второпријавениот, управител на „Медиа пет“ ДООЕЛ Скопје, спротивно на одредбите од законот за лични податоци, без согласност на Н.М. од Битола, објавиле лажен профил на социјалната мрежа Фејсбук со нејзина фотографија и нејзино име. Истите, притоа објавиле и коментар со непримерна содржина, а содржината ја објавиле и на веб порталот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мотоциклист удри во пешак на „Партизанска“, двајцата повредени
Синоќа, на булеварот Партизански одреди во Скопје, мотоцикл „дукати“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Е. П. (27) од Скопје, удрил во пешакот Н. Ѓ. (30) од с. Рашче, Скопско.
Во несреќата тешки телесни повреди добил пешакот, а мотоциклистот добил телесни повреди, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, објави МВР.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.