Црна хроника
Кривична за велешанец кој тепал и ограбил имигранти
Полицијата поднесе кривична пријава против дваесет ичетиригодишен велешанец кој пред два месеца заедно со уште две непознати лица претепал и ограбил имигранти, соопшти МВР.
Инцидентот се случил на 27 ноември околу 23.30 часот на железничката пруга Гевгелија-Велес заедно со уште две засега непознати лица нападнал тројца сириски државјани. Со заканa со пиштол еден од напаѓачите им наредил на оштетените да легнат на земја, удирајќи ги неколку пати со раце и нозе во пределот на телото при што им одзеле 600 евра и четири мобилни телефони./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.