Црна хроника
Кривични пријави против петмина дебaрчани кои извршиле тешки кражби
Поради постоење основи на сомнение за сторени десет казнени дела „тешка кражба“, полициската станица од Дебар поднесе кривични пријави против Љ.А.(18), О.Х.(19), А.М.(22), Е.К. (20) и Ј.К. (26) сите од Дебар, се вели во соопштението на СРВ Охрид.
Портпаролот на СВР, Стефан Димовски, изјави дека од почетокот на оваа година, пријавените самостојно, но и во група ги извршиле тешките кражби, пред се, во куќи низ Дебар за кои знаеле дека во нив не живее никој, бидејќи сопствениците биле на привремена работа во странство. Тие, тешки кражби извршиле во работилница и трафика во градот.
Пријавените, со употреба на тврди предмети, но и со погоден алат и прибор, успевале да ги оштетат бравите од влезните врати и прозорци од куќите, по што, со употреба на физичка сила насилно влегувале во внатрешноста и одземале бакарни украси, вазни, пепелници, ЛЦД телевизори, апарати за кафе, бормашини, една хилта за бетон, пиштол нитни, пиштол за клинци и други вредни предмети. На тој начин, пријавените се стекнале со протвиправна имотна корист во вкупен износ од 202.250 денари.
Работејќи на реализација на тешките кражби, полициската станица од Дебар, оформи предмет со прецизни оперативни информации по што, по добиена наредба од Основниот суд во Дебар изврши претрес во домовите на сега пријавените. Притоа, пронајдени се дел од предметите бесправно одземени при кражбите./крај/мф/мн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Девојче нападнато од соученичка во основно училиште во Гази Баба
Ученичка била нападната пред два дена во основно училиште во Гази Баба.
Според пријавата, девојчето било нападнато од негова соученичка, а за случајот алармирал таткото на натепаното девојче.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик
Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид.
Од МВР информираа дека инцидентот се случил на 7 април во прилепскиот затвор, каде двајцата издржувале затворски казни.
Тие физички го нападнале осуденикот С.Ч., при што првопријавениот со нож му нанел убодна рана.
Црна хроника
Кривична за вработен во Национални шуми
Полицијата поднесе кривична пријава против Ј.Ш.(49) од Скопје, вработен во ЈП „Национални Шуми“, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“.
На 17.07.2023, пријавениот потпишал службена исправа во која внел неточни податоци за количината на натоварените дрва, со намера да се стекне со противправна имотна корист, објави МВР во дневниот билтен.