Црна хроника
Кривични пријави за 11 лица во акцијата „Гора“
Постапувајќи по оперативната акција „Гора“, во март Единицата за економски и компјутерски криминал поднесе 11 кривични пријави против 11 лица за сторени 11 кривични дела од кои осум дела – “вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“, две дела – “злоупотреба на службена положба и овластување“и едно дело – “пустошење на шума“.
Притоа по однос на кривичното дело “вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“ кривично пријавени се лицата Ф.Ш. (32), А.М. (30), М.Д. (58), С.Ш. (37), М.Н. (27), И.М. (50), Н.С. (33) и А.Д. (27). Пријавените во повеќе наврати со товарни возила вршеле транспорт на дрва, иако не поседувале лиценци за вршење на јавен превоз на стоки во внатрешниот патен сообраќај издадени од Министерството за транспорт и врски.
За кривичното дело “злоупотреба на службена положба и овластување“ кривично се пријавени лицата З.Г. (55) и С.Д.(51) и двајцата вработени како шумски полицајци во Шумска полициска станица Скопје. Тие иако како дел од шумско-полициска патрола извршиле во повеќе наврати контрола, и констатирале прекршоци согласно постоечките нормативи, сепак на прекршителите им ги вратиле товарните возила и дел од дрвната маса. Исто така за кривичното дело “пустошење на шума“ пријавен е Н.Б. (48) кој што во атарот на општина Сарај противправно сечел дрвена маса од туѓа катастарска парцела./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.