Црна хроника
Кривични пријави за криумчарење имигранти и поттикнување барање азил во Германија
Министерството за внатрешни работи информираше во неделата дека поднело кривични пријави за два одделни случаи кои се однесуваат на визниот режим, едниот за криумчарење триесетина имигранти од Авганистан, а вториот за поттикнување македонски државјани да бараат азил во Германија.
Министерството за внатрешни работи информираше во неделата дека поднело кривични пријави за два одделни случаи кои се однесуваат на визниот режим, едниот за криумчарење триесетина имигранти од Авганистан, а вториот за поттикнување македонски државјани да бараат азил во Германија.
Републичкиот центар за граничен режим „Југ“ до надлежното Основно јавно обвинителство поднело кривична пријава за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“ по член 418-б ст.4 од Кривичниот законик на Република Македонија против 38 годишниот Н.К. од Гостивар, кому судија за претходна постапка му изрекол мерка притвор во траење од 30 дена.
Пријавениот минатата недела прифатил и превезувал лица со илегален влез и престој во Mакедонија, односно илегални имигранти од клучката кај селото Марвинци на автопатот во правец Гевгелија –С копје до близина на Неготино, со намера да ги превезе до Куманово. Од страна на полициски службеници од Неготино на автопатот во правец кај бензинската пумпа на „Макпетрол“ бил запрен сомнителен камион „мерцедес бенц“со скопски регистарски ознаки, а во сопственост на скопјанец кој го управувал гостиварецот при што биле откриени 29 лица илегални имигранти.
Во разговор со имигрантите, сите од Авганистан, констатирано било дека тие нелегално влегле на македонска територија од Грција, минатата сабота во близина на преминот „„Богородица“ и оти имале намера преку Македонија да се префрлат во Србија, а натаму кон западноевропските земји, односно земјите од ЕУ.
Истовремено во втор одвоен случај полицијата од Виница поднесе кривична пријава против лицата двајца струмичани, 40–годишник идентификуван со иницијалите М.М. и 37-годишниот Т.С., за сторено кривично дело „злоупотреба на безвизниот режим со државите членки на Европската унија и на Шенгенскиот договор“.
Според сознанието на полицијата, двајцата за сума од 2.550 евра го поттикнале и организирале патувањето на единаесет државјани на Македонија од Виница. Со две патнички возила „фолксваген пасат“ управувани од второпријавениот и засега непознато лице од Струмица, тие ги изнеле лицата од Република Македонија, а потоа преку Грција, Бугарија, Србија и Унгарија го продолжиле патувањето до Германија каде македонските државјани побарале азил./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.