Контакт

Црна хроника

Кривични пријави за осум лица за криминал со огревно дрво

Објавено пред

Полицијата поднесе во вторникот кривични пријави против осум лица, седуммина од Скопје и еден од Кичево, осомничени за криминал со огревно дрво. Од нив шестмина се уапсени,а двајца се во бегство.

dobivaj vesti na viber

Пријавените Ј.Ч. (самостоен референт во Јавното претпријатие „Македонски шуми“ – ПШС Караџица), А.К. (заменик командир на шумска полиција за подрачје на Скопје) и Г.Х., во периодот од март до мај 2014 година со намера да се стекнат со противправна имотна корист за себе или за друг преку легализирање на нелегално исечена шума – дрва за огрев, формирале организирана криминална група во која биле вклучени пријавените Ж.Ч. (сопственик и управител на Друштво за трговија и услуги „МЕГАМАК ДРВО“ ДООЕЛ Скопје, татко на пријавениот Ј.Ч.) и А.У.(шумарски техничар за заштита на шуми – манипулант во ДТУ „МЕГАМАК ДРВО“), а дополнително како членови ги вклучиле и пријавените А.А. и Ф.Ј., кои како корисници на услугите на злосторничкото здружение, односно како корисници на документацијата изготвена од членовите на злосторничкото здружение, го вклучиле и пријавениот В.А., кој знаел дека наведената документација е со невистинита содржина.Имено, Ј.Ч., А. К. и Г. Х., заеднички и во договор со Ж.Ч. и А.У., во мај 2014 година формирале правно лице МЕГАМАК ДРВО ДООЕЛ Скопје, за кое на нивно барање одлучувајќи согласно позитивните правни прописи Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство го овластило правното лице да врши работи во врска со шумите за приватни парцели и им издало жиг за обележување на исечени дрва. Вака формираното правно лице им служело како инструмент – средство за прикривање на нелегално исечената дрвна маса, „покривајќи ја“ со фиктивни процедури и постапки, како и фиктивна документација (одобренија за сеча и испратници за транспорт), со која ја легализирале нелегално исечената дрвна маса. Притоа, А.К. лицата корисници на одобренијата ги заштитувал од проверки и контроли од страна на Шумската полиција, Ж.Ч. како одговорно лице и сопственик на МЕГАМАК ДРВО ДООЕЛ Скопје издавал и заверувал фиктивна документација за легализирање на нелегално исечената дрвна маса, додека А.У. ја обележувал дрвната маса со жиг/печат, на кој начин нелегално исечената дрвна маса ја легализирал. Како членови на злосторничкото здружение ги вклучиле и А.А. и Ф.Ј., кои обезбедувале одобренија од МЕГАМАК ДРВО ДООЕЛ Скопје за сеча на име на лица кои поседувале имотни листови на реонот Кичево и на реонот на с.Танушевци. А.А. и Ф.Ј. обезбедувале податоци од лица-сопственици на катастарски парцели и во нивно име ваделе одобренија за сеча во приватна шума од МЕГАМАК ДРВО ДООЕЛ Скопје, за катастарски парцели за кои знаеле дека нема или нема доволно дрвна маса која била наведена во одобренијата за сеча.  Пријавениот В.A. бил корисник на дел од споменатите одобренија за сеча и иако знаел дека парцелите не преставуваат парцели со шумска маса ниту пак на истите постоеле количини на дрва за која количина се издадени, сепак одобренијата ги користел, односно вака издадените одобренија служеле да при евентуална контрола на транспортот на дрвната маса од страна на државните институции кои се овластени за таква контрола, бесправно исечените дрва да ги прикажат како дрва посечени на легален начин. Криминалната група во одреден дел при своите криминални активности, особено внимание обрнала на криминално стопанисување со црковен имот – шума врз основ на издадени полномошна и договори склучени меѓу  членовите на групата и црковни лица од неколку Епархии при МПЦ. Со ваквите дејствија, пријавени лица оштетувајќи ја дрвната маса – шумите во државна сопственост, оствариле противправна имотна корист за злосторничкото здружение во износ од 2.250.240 денари (7032 м3 х 320 денари за еден м3, вкупно за сите одобренија- согласно допис од УЈП), а на штета на Република Македонија, односно шумите во Република Македонија, за износ од 14.642.600, денари (2091,8 м3 х 7.000 денари, пресметано по Правилник за висината на цената за штети во шума објавен во Службен весник на РМ). Врз основа на наредби од Основен суд Скопје I Скопје, извршени се претреси во дом и други простории и на работното место во ЈП Македонски шуми ПШС Караџица на, при што се одземени лаптоп компјутери, таблет, куќиште од компјутер, печат со натпис МЕГАМАК ДРВО ДООЕЛ, повеќе УСБ, мобилни телефони, СИМ картици, мемориска картица, надворешна меморија, чекан со жиг, како и разна материјално финансиска документација, важни за кривичната постапка.Исто така, извршени се прегледи во три патнички моторни возила и едно товарно моторно возило, при што од камионот и едно автомобилот е одземена документација.На четири од пријавените лица одредена им е мерка притвор во траење од по 30 дена. /крај/мф/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце

Објавено пред

Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.

dobivaj vesti na viber

Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Топ

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Објавено пред

Радовишанец со месеци силувал малолетничка

dobivaj vesti na viber

Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.

За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз

Објавено пред

Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.

dobivaj vesti na viber

Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија27 минути

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија4 часа

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ4 часа

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија5 часа

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија7 часа

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија7 часа

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...

Македонија7 часа

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за еден од најпознатите менаџери на...

Македонија8 часа

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините во кои се градоначалници

Кандидатите за претседател Гордана Силјановска-Давкова и Бујар Османи освоија најмногу гласови на претседателските избори по број на општини. Според податоците...

Македонија8 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Народот избра промени, да излеземе уште помасовно на 8 мај

Огромната поддршка обврзува за промени и брзи резултати, да излеземе уште помасовно на 8-ми мај, а потоа следува економска трансформација...

Македонија8 часа

Силјановска убедливо пред Пендаровски во првиот круг со 40 наспроти 19,93 отсто од гласовите

Кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска, со убедливо водство влегува во вториот круг од претседателските избори,...

Македонија18 часа

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Денеска, ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат...

Македонија19 часа

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Денеска е тежок удар за европската перспектива на Македонија, но не е доцна да се смени правецот, откажувањето не е...

Македонија20 часа

(Видео) Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Денеска народот во Македонија покажа дека си ја сака Македонија и дека секој оној кој го потценува народот прваи голема...

Македонија20 часа

Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме, но нема предавање, утре е нов ден

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски....

Македонија20 часа

Силјановска за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова по завршување на првиот круг гласање од изборот за претседател на државата рече дека денешниот...

Македонија21 час

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ посака среќа во вториот круг

Лидерот на ГРОМ и претседателски кандидат, Стевчо Јакимовски, вечерва призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова.  Со оглед...

Македонија22 часа

Таравари: Земјотресот почна, се надевам дека на 8 мај ќе дојде промената ДУИ да биде опозиција

Масовниот одѕив на гласачите на овие претседателски избори за Арбен Таравари, претседателски кандидат на коалицијата ВЛЕН, е показател дека промените...

Македонија23 часа

Одѕивот до 18.30 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Одѕивот до 18.30 часот на седмите претседателски избори е 48,44 отсто од гласачите, според податоци од 3174 гласачки места. Претседателот...

Македонија23 часа

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Народот уште еднаш покажа дека знае и умее да ја процени важноста на овие избори, како крстопат кога се одлучува...

Македонија23 часа

ОЈО: Сите сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани

Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија...