Црна хроника
Кривични за двајца крадци кои ограбувале кафеани

СВР-Скопје поднесе кривична пријава до надлежното обвинителство против Д.Е.(21) и К.С.(21) и двајцата од Скопје поради основано сомнение дека извршиле три кривични дела „тешки кражби“ и при тоа се стекнале со противправна имотна корист од околу 267.000 денари.
На првопријавениот од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од осум дена. Кривичните дела пријавените ги извршиле во временскиот период од 30.06. до 20.07. годинава на подрачје на Центар.
Првото кривично дело го извршиле на булевар ,,Мајка Тереза“ во гостилницата „Кај Гурман“, на тој начин што откако се увериле дека нема да бидат забележани од никого, првопријавениот со употреба на погоден алат насилно го скршил стаклото од лизгачката шалтерска врата и со посегање на раката ја отворил вратата од шалтерот влегол внатре, извршил пребарување и претурање во кујната и другиот простор каде што пронашол и украл еден телевизор, плински боци, плинско решо и околу 1000 денари, а додека второпријавениот чувал стража, по што не забележани од никого го напуштиле местото на настанот.
Второто кривично дело го извршиле на улица ,,Васил Главинов“ во кафе бар ,,Гарсон“ , на тој начин што се приближиле до влезната врата и со насилно кршење на термопан излог стаклото направиле отвор, влегле во објектот каде што извршиле претурање и пребарување во шанкот каде пронашле и украле неколку шишиња со разни алкохолни пијалоци, два звучника и други предмети.
Третото кривично дело го извршиле на булевар „Св.Климент Охридски“ во „Скопски Фенери“ на тој начин што се приближиле до оградата, ја прескокнале и со погоден предмет првопријавениот делувал помеѓу крилото и рамката од еден прозорец, го отворил и влегол внатре каде извршил претурање и пребарување по што пронашол и украл поголема количина на алкохолни пијалоци, кафе, парични средства како и еден паричник со пари и документи, додека второпријавениот чувал стража.
На 16.09.2016 во просториите на ПС ОН Центар извршен е службен разговор со првопријавениот Д.Е., а додека по К.С. се трага.
Инаку против пријавените и во претходен период се поднесени кривични пријави и тоа против Д.Е. поднесени се 20 кривични пријави во Свети Николе, Струга, Велес, Охрид и Скопје од областа на имотните деликти, а додека против К.С. во претходен период поднесени се 13 кривични пријави во Крива Паланка, Охрид и Скопје од областа против половата слобода и половиот морал, кривични дела против животната средина, кривични дела против имотот и кривични дела против безбедноста на сообраќајот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Стружанец крадел струја: со посебен уред вршел промени во потрошените киловати

ОВР Струга поднесе кривична пријава против правно лице од Струга и против А.Р.(28) од Струга, сопственик на правниот субјект, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“.
Пријавениот А.Р. , без согласност од надлежен оператор, во просториите на неговиот правен субјект, неовластено поставил посебен уред кој вршел промени во потрошени киловати на електрична енергија, со што се стекнал со протиправна имотна корист.
Црна хроника
Измамена 79-годишна скопјанка: и се јавил лажен лекар од Бугарија, барал пари и злато за операција на ќерка и

Вчера во 17.30 часот во СВР Скопје, 79-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 216.949 денари и златен накит.
Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски и се претставило како лекар од Република Бугарија, кој работи и во болница во Скопје, и ѝ кажал дека треба да ја оперира нејзината ќерка, која се здобила со повреди во сообраќајна несреќа и требало златни штрафови да се вградат во ногата, а за тоа требало да се плати.
Како што е пријавено, таа ги предала парите и накитот на едно лице на договореното место, а откако се вратила дома и ја видела ќерка си, сфатила дека била измамена.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Професор со метален предмет нападнал ученик во Кочани

СВР Штип поднесе кривична пријава против С.М.(59) од Кочани.
Тој се сомничи за сторени кривични дела „малтретирање во вршење на службата“ и „насилство врз дете“.
Имено, на 06.02.2025 во училница во средно училиште во Кочани, додека одржувал настава, пријавениот физички и со метален предмет нападнал 17-годишен ученик.