Црна хроника
Крвава тепачка во Тетово
Двајца тетовчани се скарале, па завршиле во болница со исекотини по телата, јави полицијата.
Имено, во четвртокот, околу 21.30 часот во Мала Речица З.Ј.(40) и А.Л.(24) започнале вербална расправија.
Потоа со употреба на остар предмет меѓусебно си нанеле повреди при што З.Ј. се здобил со повреди во пределот на грбот, додека А.Л. со повреди во пределот на нозете.
Двајцата со телесни повреди се пренесени во Клиничкиот цента – Тетово за укажување лекарска помош. Се работи на целосно расчистување на случајот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.