Црна хроника
Кумановци истепале матуранти поради гласна музика
Двајца возрасни кумановци истепале ученици кои прославувале матура во локален кафе бар, затоа што им пречела гласната музика, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Инцидентот се случил на 20-ти мај во кафе барот ’Бар Код’ во центарот на Куманово во кој неколку ученици прославувале матура. Во кафулето бил и П.К. (54) кој изреволтиран од гласната музика со бејзбол палка почнал да го крши инвентарот, при што повредил едно девојче и физички нападнал уште три лица на кои им нанел повреди на главата и телото.
По ова, во кафе барот пристигнал и И.С. (33) кој физички нападнал еден од матурантите.
Против насилниците СВР Куманово поднесе кривична пријава за сторено кривично дело насилство./крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со трактор излетал од коловоз, тешко повреден маж во Виничко
Вчера, во 17 часот, во Полициската станица Виница било пријавено дека во село Трстија, Виничко, трактор „фергусон“, со штипски регистарски ознаки, управуван од 63-годишниот С. Ј. од село Нов Караорман, општина Карбинци, излетал од коловозот, извести МВР.
„Во несреќата тешки телесни повреди добил возачот, констатирани во Клиничката болница во Штип“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од екипа на ОВР Виница.