Црна хроника
Кумановци пријавени за обид за убиство, насилство, трговија со дроги и оружје
Неколкумина кумановци одделно „заработија“кривични пријави за тешки дела, коишто вклучуваат обид за убиство, физички напади и недозволени трговии со наркотици и оружје, покажува дневниот билтен на СВР Куманово за четвртокот.
Против 40-годишниот И.Ш од Куманово е поднесена кривична пријава, поради тоа што постојат според полицијата основани сомневање дека е извршител на кривично дело обид за убиство. Инцидентот се одиграл на 28-ми мај годинава, кога околу 21 часот во кумановската кафетерија „Ретро кафе“, пријавениот започнал вербална расправија со својот 29-годишен сограѓанин идентификуван како А.М. Расправијата продолжила надвор од локалот кога бил извршен напад со нож во кој оштетениот добил повреди на вратот и грбот, по што избегал, а во Општата болница во Куманово му биле констатирани телесни повреди.
Други двајца кумановци, 23-годишниот С.Т. и една година повозрасниот Н.Г., се пријавени, пак, во врска со кривично дело „насилство“. Овој инцидент се случил на 9-ти мај, некаде околу 3 часот по полноќ, која пријавените во ноќниот клуб „Тунел“ при разминување со 18-годишниот Н.М започнале караница. Притоа првопријавениот го удрил тинејџерот со стаклено шише во главата, а откако во инцидентот се вмешал уште еден 18-годишник, пријател на нападнатиот, со цел да ги раздвои, бил физички нападнат од второпријавениот. Двајцата тинејџери потоа со мотоцикли заминале пред зграда на улицата „Народна револуција“, но таму со автомобил повторно се појавиле напаѓачите коишто со бејзбол палка и метална шипка ги нападнале 18-годишниците, а притоа бил уништен и мотоциклот на едниот од нив.
Деветнаесетгодишник, исто така, од Куманово е пријавен како осомничен дека е извршител на кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Младиот човек идентификуван како А,Д, бил приведен откако на 27-ми април годинава откако полицијата го сопрела додека возел околу 23,30 часот на булеварот „Октомвриска револуција“. Во неговото возило „фолксваген голф“, тогаш биле откриени зипер кесичка во која имало17 семки од канабис, и речиси два грама марихуана.
Во петокот СВР Куманово извести дека поднела уште една кривична пријава, оваа, пак, против 28-годишнито М.М. од Куманово, кој е осомничен за делото „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. Во неговиот дом на почетокот од април, полицијата при претрес пронашла дваесетина куршуми од различен калибар, и еден стартен пиштол, за кој имал дозвола издадена од кумановската полиција./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.