Црна хроника
Лажен питач нападнал жена, таа се одбранила со секира
Жител на струшкото село Делогожда доби кривична пријава за разбојништво бидејќи нападнал и се обидел да ограби жена во друго село.
Нападот и обидот се кражба се случил на 3 септември. Триесет и осумгодишниот крадец се преправал дека е питач и заминал во охридското село Ново Село. Во два ноќта затропал на вратата на куќа сопственост на педесет и шестгодишна жена. Таа му отворила, а крадецот и побарал леб. Кога жената се упатила во куќата за да му даде леб, крадецот ја заклучил вратата и почнал да ја влече жената за да ја онеспособи и да изврши пребарување во куќата. Почнале да се туркаат, по што жената забележала секира зад вратата. Успеала да ја дофати и го удрила крадецот по главата. Тој паднал на подот, а жената избегала кај комшиите каде побарала помош. Кога се вратила во ќуката за кратко време, напаѓачот бил избеган. /кај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.