Црна хроника
Лажна дојава за експлозивна направа во близина на училиште во Струга
Во полициската станица во Струга во средата во 9.30 часот било пријавено дека во патнички автомобил марка „нисан примера“ со бугарски регистарски ознаки, има направа која може да предизвика општа опасност.
По добиената информација, полицијата презела безбедносни мерки за обезбедување на поширокиот простор каде било паркирано патничкото возило, а при прегледот, било утврдено дека дојавата била лажна. „Нема експлозивна направа која може да предизвика општа опасност поставена во патничко моторно возило во Струга. Ова го констатираа стручни полициски тимови од антитероризам при СВР Охрид и полициски службеници од полициската станица во Струга, при денешните активности во Струга по добиена информација за можна поставена направа во патнички автомобил на улицата „Јово Стефаноски Риле“ во Струга“, изјави портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.За време на проверката на сомнителното возило, од безбедносни причини била прекината наставата во првата смена во основното училиште „Браќа Миладиновци“ кое се наоѓа во близина, a учениците и наставниот кадар биле евакуирани. Од училиштето за медиумите информираа дека наставата по завршување на полициската проверка ќе продолжи во втората смена според предвидениот распоред./крај/мф/
Извор: Ohrid news
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.