Црна хроника
Лажна узбуна за бомба во ноќен клуб во Куманово
Анонимен повик со лажна узбуна за поставена бомба, ја прекина забавата во саботата вечерта вопознатиот ноќен клуб „Револушн“ во Куманово, а сопствениците се сомневаат дека ова е масло на конкуренцијата.
Според билтенот на МВР, околу 00,20 часот, непознато лице телефонски се јавило во ПС од ОН Куманово и пријавило дека во „Револушн“ има поставено експлозивна направа.
Од страна на полициските службеници од СВР Куманово веднаш е излезено на лице место. Поради безбедносни причини од истите веднаш се евакуирани сите лица, по што од страна на стручни лица од Одделот за антитероризам при МВР на РМ, е извршен увид на лице место. Од извршениот увид е констатирано дека во објектите нема поставено експлозивна направа и се работи за лажно пријавување.
Сопствениците на објектот преку социјалните мрежи информираа дека веднаш се посомневале оти станува збор за лажна пријава и првин не сакале да ги пуштат полицајците во клубот, ниту пак да го испразат локалот од гости.
Почекавме да дојдат главните инспектори на случајот и надлежните од екипата за антитерористички напади од Скопје и на крај бевме приморени да им кажеме на сите гости дека мора да го напуштат локалот, велат од Револушн и ветуваат дека сите гости ќе бидат обештетени./крај/мф/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Девојче нападнато од соученичка во основно училиште во Гази Баба
Ученичка била нападната пред два дена во основно училиште во Гази Баба.
Според пријавата, девојчето било нападнато од негова соученичка, а за случајот алармирал таткото на натепаното девојче.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик
Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид.
Од МВР информираа дека инцидентот се случил на 7 април во прилепскиот затвор, каде двајцата издржувале затворски казни.
Тие физички го нападнале осуденикот С.Ч., при што првопријавениот со нож му нанел убодна рана.
Црна хроника
Кривична за вработен во Национални шуми
Полицијата поднесе кривична пријава против Ј.Ш.(49) од Скопје, вработен во ЈП „Национални Шуми“, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“.
На 17.07.2023, пријавениот потпишал службена исправа во која внел неточни податоци за количината на натоварените дрва, со намера да се стекне со противправна имотна корист, објави МВР во дневниот билтен.