Црна хроника
Успешна акција на полицијата во Скопје: Уапсени двајца крадци, парите вратени кај сопственикот
Полициски службеници од СВР Скопје уапсиле две лица осомничени за кражба на сеф со пари од простории на правно лице за брз трансфер на пари во центарот на Скопје, а одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 22 мај 2026 година околу 04:30 часот во Скопје биле лишени од слобода П.П.(29) и Р.Ѓ.(20), двајцата од Скопје.
Според сомнежите, тие претходно со употреба на физичка сила и погоден алат одзеле сеф со пари од објект на улицата „Козара“ на подрачјето на Центар.
Од МВР соопштија дека по преземените мерки и активности, украденото било пронајдено и вратено кај сопственикот, а по целосно документирање на случајот против осомничените ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
