Црна хроника
Лишени од слобода седум возачи за безобѕирно управување возило, петмина возеле без дозвола
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода седум возачи за безобѕирно управување возило. Од нив, петмина (двајца во Кичево и тројца во Скопје) управувале возило без возачка дозвола, а двајца (по еден во Неготино и Кичево) управувале возило под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, извести Министерството за внатрешни работи.
„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај“, велат од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешко повреден мотоциклист по судир со возило во Скопско
Вчера околу 15:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Јурумлери, скопско, на крстосница од регионален пат Скопје-Велес и општински пат с.Јурумлери-с.Долно Лисиче се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.И.(44) од Скопје и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од М.П.(33)од с.Идризово, скопско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
17-годишнo девојче нападнато од нејзин соученик во Карпош: подолг период психички ја малтретирал
Синоќа во 19:15 часот во СВР Скопје, О.С.(45) од Скопје пријавил дека околу 14:30 часот во средно училиште на подрачјето на Карпош, неговата 17-годишна ќерка била физички нападната од нејзин соученик.
Тој според пријавеното подолг период психички ја малтретирал.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Татко се обидел да ја спаси малолетната ќерка која ја држеле за врат: бил нападнат со кундак од пиштол
Утрово во 01:45 часот во СВР Скопје, Н.Ш.(41) од с.Кондово, скопско, пријавил дека на 18.05.2026 околу 21:30 часот пред неговиот дом Б.И.(18) физички го нападнал, го удрил со кундак од пиштол и му нанел повреда.
Според пријавеното, претходно во текот на денот неговата малолетна ќерка имала расправија со друга малолетничка.
Откако забележал дека во наведеното време Б.И. со уште едно лице ја држат неговата ќерка за врат, се обидел да ги спречи, по што Б.И. го нападнал со кундак од пиштол.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
