Црна хроника
Љубовна двојка се изгубила на Водно, интервенирале „Тигрите“
Двајца млади од Скопје во четвртокот вечерта се изгубиле додека шетале на падините на Водно, во еден момент ја виделе браната на Матка и побарале помош на телефонскиот број 199.
Веднаш на терен бил испратен алпинистичкиот тим на Единицата за специјални задачи кои извршиле пребарување на теренот од потегот Милениумски крст Водно кон локалитетот Матка. Скопјанецот им ја опишал на „Тигрите“ околината во којашто се наоѓале во моментот, по што со давање светлосен сигнал бил воспоставен и визуелен контакт. Двојката била најдена околу 01.15 минути по полноќ, во добра општа состојба во близина на манастирот „свети Никола Шишевски“. Верениците биле безбедно спуштени до пешачката патека до мостот на кајакарскиот дом „Матка”“, од каде со возило беа префрлени до нивните домови./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.