Црна хроника
Ловџија ранил друг ловџија
Во сабота попладне, додека биле во лов, во демирхисарско, еден ловџија ранил друг, по што повредениот бил однесен во Скопје на лечење.
Во сабота попладне, додека биле во лов, во демирхисарско, еден ловџија ранил друг, по што повредениот бил однесен во Скопје на лечење.
Како што соопшти полицијата, во саботата околу 16 часот на планинскиот дел над село Боиште,демирхисарско, М.Д.(35) носејќи ловџиска пушка која ја поседувал со дозвола испукал еден патрон при што го погодил во пределот на грбот В.А. (21).
Тој бил тешко повреден и со возило на итната медицинска помош бил пренесен во клиничката болница во Битола, а поради сериозноста на повредите истиот е препратен во Ургентниот центар Скопје.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Битола и се работи на целосно расчистување на случајот.
Истиот ден пак, околу 08.30 часот на планината Китка во близина на село Алдинци, при лов, со огнено оружје,ловечка пушка која ја поседувал со дозвола се самоповредил ловџијата Д.Б.(62) по што истиот бил пренесен во ГОБ „Св.Наум Охридски“ каде му била укажана лекарска помош и му била констатирана тешка телесна повреда во пределот на прстот, показалец на десна рака./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.