Црна хроника
Мајка на ученик физички нападна учителка на родителска средба во Скопје
Мајка на ученик физички нападнала учителка на родителска средба во основното училиште „Браќа Миладиновци“ на подрачјето на Општина Аеродром.
Според информациите на МВР, вчера во 22:10 часот во СВР Скопје, К.К.Л. од Скопје пријави дека околу 17:00 часот во училница во основно училиште на подрачјето на општина Аеродром, додека заедно со нејзина колешка одржувале родителска средба, М.М.Г. од Скопје, инаку мајка на ученик, физички ја нападнала К.К.Л..
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Малолетник од Штип возел скутер на едно тркало, МВР го идентификуваше
Министерството за внатрешни работи информира дека е расчистен случајот од видео објавата споделена на социјалната мрежа Фејсбук, на која се забележува лице кое управува скутер на едно тркало и со таквото однесување ја загрозува безбедноста во сообраќајот.
-Полициски службеници веднаш презедоа мерки и активности за идентификација на лицето. По преземените активности, од страна на СВР Штип утврдено е дека на 11.05.2026 година околу 21:00 часот, на раскрсницата помеѓу улиците „Сремски Фронт“ и „Борис Крајгер“ во Штип, Е.Б.(15) од Штип сторил кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик, како и сообраќајни прекршоци согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Лицето е пронајдено и идентификувано, а против него се преземаат соодветни законски мерки согласно важечките законски прописи, соопшти МВР.
Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да се однесуваат совесно и одговорно и да не изведуваат опасни дејствија со кои се загрозува сопствената безбедност, како и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.
Топ
Полицијата фати возачи без возачка, пијани и со забрана за управување автомобил
Во текот на изминатото деноноќие, на целата територија на државата, полициски службеници лишија од слобода 17 возачи поради безобѕирно управување. Од нив, шест возачи од Крива Паланка, Куманово, Делчево и Радовиш управувале возило под дејство на алкохол. Возачот од Радовиш предизвикал и сообраќајна незгода, по што го напуштил местото на настанот, соопшти МВР.
Осум возачи од Скопје, Делчево, Гевгелија, Богданци, Прилеп и Македонски Брод управувале возило без да поседуваат возачка дозвола, додека еден возач од Кочани управувал возило и покрај изречена активна забрана за управување.
Во Кавадарци бил лишен од слобода возач кој управувал мотоцикл што не бил регистриран и без да поседува возачка дозвола, додека во Демир Хисар бил затекнат возач кој управувал патничко возило без возачка дозвола и под дејство на алкохол.
Министерството за внатрешни работи потсетува дека непочитувањето на сообраќајните правила и прописи директно ја загрозува безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Управувањето возило под дејство на алкохол, без возачка дозвола или спротивно на изречена забрана претставува сериозен ризик по животот и здравјето на граѓаните. Апелира до сите возачи на совесно и одговорно учество во сообраќајот, со цел, како што велат, заеднички да придонесеме за поголема безбедност на патиштата.
Црна хроника
Хигиеничар во основно училиште во беровско село снимал ученици со мобилен телефон
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против М.К.(53) од беровско поради постоење основи на сомнение за сторено кривичното дело „насилство врз дете“, соопшти полицијата.
Во периодот од 03.02.2026 до 10.02.2026, пријавениот, вработен како хигиеничар во основно училиште во истото село, извршил психичко насилство над тројца ученици и ги снимал со неговиот мобилен телефон.
