Црна хроника
Мајка, татко и ќерка загинаа во сообраќајна несреќа кај Гостивар
– Архивска фоторгафија
Мајка, татко и ќерка од Кичево загинаа во тешка сообраќајна несреќа која во саботата попладне се случи на излезот од Гостиварм, додека синот со повреди е пренесен во Медицинскиот центар во Гостивар, соопштија во неделата од МВР
Мајка, татко и ќерка од Кичево загинаа во тешка сообраќајна несреќа која во саботата попладне се случи на излезот од Гостиварм, додека синот со повреди е пренесен во Медицинскиот центар во Гостивар, соопштија во неделата од МВР
Сообраќајната несреќа се случила на патот Гостивар – Кичево, на излезот од Гостивар, а во истата учествувале автомобил „мерцедес“ со црногорски регистерски ознаки и „опел астра“ со охридски таблички.
Во несреќата животот го загубија сопатници од возилото „опел астра“, 61-годишниот татко, 56-годишната мајка и 28-годината ќерка. Синот, на 31 година со иницјаи Н.С., кој управувал со автомобилот, е пренесен во болницата во Гостивар каде е задржан на лекување и е во стабилна состојба.
Возачот на „нерцедесот“, 55-годишниот В.Е. од тетовско Раотинце, е приведен и задржан во полициската станица во Гостивар. Полицијата работи на целосно расчистување на сообраќајната несреќа./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.