Црна хроника
Македонци и Срби бесправно вршеле археолошки ископувања во џамија во Штип
Двајца Македонци и двајца Срби заработија кривични пријави, затоа што вршеле бесправни археолошки ископувања, во дворот од Хусамедин пашината џамија во Штип, сопшти полицијата.
СВР Штип поднесе кривична пријава против З.К.(49), од Штип, А.М.(41) од Куманово, И.К.(32) и Д.С.(31) државјани на Србија поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело „оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ .
Судија на предходна постапка во Основен суд Штип им определи мерка притвор во траење од 30 дена.
Во неделата, пријавените како соизвршители со намера за себе да прибават противправна имотна корист со употреба на сила и подесен алат насилно влегле низ влезната врата од верскиот објект Хусамедин пашина џамија – Свети Илија во Штип кој е под културно наследство на Македонија, сопственост на Министерството за култура.
Влегле во објектот и без дозвола од надлежен орган извршиле две археолошки ископувањана се со цел да прибават добра кои се под заштита и културно наследство и при нивните археолошки ископувања биле лишени од слобода од страна на полициски службеници при СВР Штип. /крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.