Контакт

Црна хроника

Македонецот обвинет дека соработувал со IS не се чувствува виновен, давал мeдицинска помош

Објавено пред

Шестмина од 11-те обвинети во случајот „Келија“, кои се товарат дека соработувале со екстремната сунитска организација Исламската држава (IS) која зазема големи територии во Ирак и во Сирија, пред судот во петокот ја признаа вината, а другите петмина, меѓу кои и Македонецот кој преминал во ислам, Стефан Стафановски, рекоа дека не се чувствуваат виновни за делата коишто им се ставаат на товар.

dobivaj vesti na viber

Некои од обвинетите ја признаа вината подоцна, за да можат да се спогодат со Јавниот обвинител во овој случај во оваа фаза од постапката, кога не е започнато судењето, односно на рочиштето за оцена на обвинителниот акт.Адвокатите на обвинетите реагираа дека нивните клиенти ги немаат видено доказите за да можат да се произнесат дали се чувствуваат виновни, но поради спогодбата некои од обвинетите ја признаа вината.Оџата Реџеп Мемиш од скопската Тутунсус џамијата кој се товари дека ширел радикален ислам, првично рече дека не се чувствува виновен и дека не ги видел доказите, но потоа се премисли и ја призна вината за да не го изгуби правото на спогодба. Ахмет Дарлишта веднаш ја призна вината, како и обвинетите Мухамед Шеху и Ресуљ Саити, а освен оџата се премислија и Фазљи Суља и Сејфула Етемовски.Останатите петмина обвинети, Иса Фуга, Абдула Абдулахи, Ерол Рустеми, Мухамет Имери и Стефан Стефановски изјавија дека не се чувствуваат виновни.Стефановски кој потоа го нарекувале Суфијан, има завршено медицински факултет во Скопје и е лекар по професија. „Како медицинско лице не се чувствувам виновен. И на медицинскиот факултет нé учеа да им помагаме на сите оние на кои им е потребна медицинска помош без разлика на вера“, рече Стефановски.Имери на крајот на рочиштето дофрли дека сето „ова што се прави“ со нив е пропаганда. „Сите тука сме невини, со сила сакаат да завршиме во затвор“, рече Имери. Адвокатот на дел од обвинетите кои ја признаа вината, Ангел Ѓорѓиев, вели дека обвинетите ја признале вината за да може да ја искористат можноста за спогодување. „Покрај приговорите, ние ја изнесовме и подготвеноста за признавање на вината, што упатува на одложување на рочиштето за оцена на обвинителниот акт со можност за спогодување со застапникот на обвинението. Ова денеска не значеше признавање на вина, туку подготвеност за да можеме да ја искористиме можноста за спогодба со обвинителот“, рече адвокатот Ѓорѓиев.Адвокатите на другите обвинети што не ја признаа вината, Ефто Спировски и Асмир Алиспаиќ, се изненадени од подготвеноста на дел обвинетите да ја признаат вината.„Јас и мојот колега Алиспаиќ сме изненадени од подготвеноста на некои осомничен и за признавање на вината, нашите клиенти не признаа вина. Оние кои изразија подготвеност, пак, кога беа прашани за што признаваат вина ,тие не можеа да одговорат бидејќи не ги виделе доказите што мене ми е многу чудно“, рече адвокатот Ефто Спировски. Според обвинението, кое го застапува Обвинителот Владимир Милошевски, една група обвинети подготвувале лица кои ќе одат да учествуваат во странска војска, друга група обезбедувале парични средства и друга поддршка во материјална смисла за лицата да бидат подготвени за пат пред и за време на нивното учество во странска војска, а третата група учествувала во борбите на страната на Исламската држава во Сирија. Оние кои ја признаа вината ќе се упатат на спогодба со Јавниот обвинител, а следното рочиште за оценка на обвинението е презакажано за на 25-ти март./крај/мф/ффс

Извор: Макфакс

Топ

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Објавено пред

Радовишанец со месеци силувал малолетничка

dobivaj vesti na viber

Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.

За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз

Објавено пред

Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.

dobivaj vesti na viber

Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Тетовец агресивно се однесувал со полицаец што вршел обезбедување на претседателските избори

Објавено пред

Вчера, во 18.45 часот, полициски службеници од СВР Тетово пред влезот на основно училиште во Тетово го привеле Ѓ. Ј. (37) од Тетово затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеник што вршел обезбедување при одржувањето на претседателските избори.

dobivaj vesti na viber

По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија19 минути

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ40 минути

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија2 часа

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија3 часа

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија4 часа

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...

Македонија4 часа

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за еден од најпознатите менаџери на...

Македонија4 часа

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините во кои се градоначалници

Кандидатите за претседател Гордана Силјановска-Давкова и Бујар Османи освоија најмногу гласови на претседателските избори по број на општини. Според податоците...

Македонија5 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Народот избра промени, да излеземе уште помасовно на 8 мај

Огромната поддршка обврзува за промени и брзи резултати, да излеземе уште помасовно на 8-ми мај, а потоа следува економска трансформација...

Македонија5 часа

Силјановска убедливо пред Пендаровски во првиот круг со 40 наспроти 19,93 отсто од гласовите

Кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска, со убедливо водство влегува во вториот круг од претседателските избори,...

Македонија15 часа

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Денеска, ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат...

Македонија16 часа

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Денеска е тежок удар за европската перспектива на Македонија, но не е доцна да се смени правецот, откажувањето не е...

Македонија16 часа

(Видео) Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Денеска народот во Македонија покажа дека си ја сака Македонија и дека секој оној кој го потценува народот прваи голема...

Македонија16 часа

Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме, но нема предавање, утре е нов ден

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски....

Македонија17 часа

Силјановска за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова по завршување на првиот круг гласање од изборот за претседател на државата рече дека денешниот...

Македонија18 часа

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ посака среќа во вториот круг

Лидерот на ГРОМ и претседателски кандидат, Стевчо Јакимовски, вечерва призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова.  Со оглед...

Македонија19 часа

Таравари: Земјотресот почна, се надевам дека на 8 мај ќе дојде промената ДУИ да биде опозиција

Масовниот одѕив на гласачите на овие претседателски избори за Арбен Таравари, претседателски кандидат на коалицијата ВЛЕН, е показател дека промените...

Македонија19 часа

Одѕивот до 18.30 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Одѕивот до 18.30 часот на седмите претседателски избори е 48,44 отсто од гласачите, според податоци од 3174 гласачки места. Претседателот...

Македонија19 часа

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Народот уште еднаш покажа дека знае и умее да ја процени важноста на овие избори, како крстопат кога се одлучува...

Македонија19 часа

ОЈО: Сите сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани

Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија...

Македонија20 часа

Левицата: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Од Претседателскиот изборен штаб на кандидатот за претседател Билјана Ванковска информираат дека денешниот изборен ден поминal мирно во фер и...