Црна хроника
Македонец осуден на 18 години затвор за убиство на сопругата во Шведска
Битолчанецот Киро Тошевски, кој живее во Шведска, во вторник е осуден на 18 години затвор за убиство на својата сопруга Весна, која ја избодел до смрт во гаража во шведскиот град Лунд.
Како што пренесуваат шведските медиуми, Тошевски се соочувал со доживотна казна затвор, но според шведските закони, за таква казна треба да сторил повеќе убиства. Затоа, одбраната изјави дека нема да поднесе жалба на пресудата, затоа што сигурно нема да добие намалување на казната.
Имено, 43-годишниот Тошевски на 19-ти април годинава ја следел својата 40-годишна сопруга до паркинг-гаража во Лунд, на јужниот дел од Шведска, каде ја нападнал со нож. Случаен минувач се обидел да ја спаси жената, но тогаш Тошевски го нападнал и него, по што тој избегал.
Откако неколкупати ја избодел својата сопруга, Тошевски побегнал со автомобил, а во бегството удрил во автобус, во кој во моментот немало патници.
Откако полицијата го уапсила, над него било извршено психолошко вештачење, при што било заклучено дека во моментот на убиството тој бил во свесна состојба, непопречуван од ментална болест.
Тошевски, на 10-ти април, пред убиството, бил пријавен во полиција за физичко насилство над повеќе членови од семејството, меѓу кои и сопругата. Имено, тој во семејна расправија му удрил неколку шлаканици и на синот во нивниот дом во шведскиот град Малме, оддалечен 40-ина километри од Лунд.
Тој бил приведен, но на 13-ти април бил пуштен од притвор, а обвиненијата кон него биле отфрлени. Само неколку дена подоцна тој ја убил сопругата. Според пишувањето на шведските медиуми, кога Тошевски го признал убиството појаснил дека ја убил затоа што таа сакала да се разведе од него. Тие имаат две деца.
Роднина на Тошевски вели дека тоа што се случило е страшно, и дека ако не го пуштеле од притвор поради тепањето, сопругата можеби сега ќе беше жива.
Тошевски треба да плати и глоба од 315.000 шведски круни на жрвтите на насилството./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.