Црна хроника
Македонски камионџија шверцувал 2,1 кгр марихуана во Хрватска
На меѓународниот граничен премин Ново Село, меѓу Хрватска и Босна во товарно возило со македонски национални ознаки, хрватската полиција открила 2,1 килограми марихуана и го уапсила возачот кој сакал нелегално да ја пренесе преку границата
На меѓународниот граничен премин Ново Село, меѓу Хрватска и Босна во товарно возило со македонски национални ознаки, хрватската полиција открила 2,1 килограми марихуана и го уапсила возачот кој сакал нелегално да ја пренесе преку границата
Како што пренесува агенцијата Hina повикувајќи се на соопштението на хрватското министерство за внатрешни работи, станува збор за 56-годишен македонски државјанин за кој други поединости не се дадени. Во возилото била пронајдена патна торба во којашто во два пластични пакета облепени со фолија биле откриени вкупно 2,1 килограми марихуана.
Македонскиот возач е приведен во полициската станица и во тек е криминалистичка истрага поради сомневање дека извршил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на дроги“, соопштила Полициската управа на дубровничко-неретванската жупанија./крај/мф/сн
Извор: Hina
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.