Црна хроника
Македонски таксист паднал во поплавен канал во Грција, едвај преживеал
Македонски таксист едвај преживеал, кога со автомобилот паднал во канал во близина на Кукуш, Грција.
Во сообраќајката загинал четириесет и деветгодишен Грк кој се превезувал со македонскиот таксист, јавува Канал 5.Синоќа Гркот дошол од Македонија со такси возило, но возачот, кој бил македонски државјанин, поради големите поплави, излеаните реки, за да го помине селскиот пат, се заглавил и паднал во канал преплавен со вода. Успеал да излезе од возилото и да повика помош. Веднаш пристигнала специјалната единица за справување со елементарни непогоди на противпожарната служба, меѓутоа утрово патникот, жител на село во близина на Кукуш, бил пронајден мртов. Според информациите на телевизија, таксистот е во добра состојба.Ова е втора жртва на поплавите во Грција, откако вчера попладне загина маж кој се обидувал пеш да ја помине реката Галик во близина на Солун. Надојдените води го повлекле, по што очевидци повикале помош, а безживотното тело било пронајдено утрово./крај/к5
Извор: Канал 5
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.