Црна хроника
Малолетничка претепана од нејзината мајка и очувот
Малолетничка побарала помош од полицијата и пријавила дека била претепана од нејзината мајка и очувот.
Имено според полицијата, синоќа во 23:45 часот во Ресен, полициски службеници од ОВР Ресен ги лишија од слобода А.А.(36) и С.А.(31), двајцата од Прилеп.
Според пријавеното, во ОВР Ресен малолетничка побарала помош затоа што била физички нападната од нејзината мајка С.А. и очувот А.А. по што се здобила со повреди.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
