Црна хроника
Малолетници нападнати во Ѓорче Петров
Тинејџери биле физички нападнати од страна на три непознати лица без повод и причина во Ѓорче Петров ноќта во сабота спроти недела.
Случај во полиција го пријавил Е.С.(49), според кого во саботата околу 21.00 часот неговиот 15 годишен малолетен син кој прославувал роденден со неговите другари, во близина на ОУ„Ѓорче Петров“, тргнале да земат пијалак во блиската продавница и биле пресретнати од страна на засега непознато лице со безбол палка заедно со други две лица.
Тие тројцата дошле до оштетениот и неговите другари и физички го нападнале на тој начин што го фатил за врат и го турнал во грмушки. Потоа се обидел да го удри со тупаница, но оштетениот избегал и телефонски го пријавил настанот.
Кога тргнал кон ПС-ОН „Ѓорче Петров“, еден од насилниците ја земал палката и се обидел да го удри оштетениот во пределот на главата, но не успеал во намерата. По настанот оштетениот со двајца негови другари отишле пред ОУ„Ѓорче Петров“, каде за кратко време пристигнале полициски службеници од ПС ОН„Ѓорче Петров“.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот./крај/мф/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.