Црна хроника
Малолетници правеле селфи на товарен воз, заработиле потешки повреди
Двајца малолетници во саботата вечер, во обид да направат селфи качени врз контејнер на товарен воз на железничката станица во Куманово, се здобиле со потешки повреди.
Како што соопшти полицијата, двајцата малолетници на возраст од 16 и 17 години се качиле на товарниот воз(вагон-контејнер), кој бил во мирување за да се сликаат над контејнерот. Притоа, во еден момент шеснаесетгодишникот од Куманово остварил физички контакт со електричниот проводник над возот при што се здобил со изгореници во делот на грбот, левата нога и стомакот. Седуманесетгодишникот од с.Отља, општина Липково, во тој момент скокнал од вагонот и се здобил со телесни повреди. По настанот, 16-годишниот малолетник, по укажаната лекарска помош во Медицински центар Куманово, бил пренесен во Одделот за изгореници во градска болница Св.Наум во Скопје. Седуманесетгодишникот бил задржан во Хируршко одделение во МЦ Куманово за понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово. Железничкиот сообраќај бил во прекин во периодот од 23.00 часот на 10.09.2016 година до 02.00 часот на 11.09.2016 година. /крај/со/ст
Извор: МВР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Тетовец агресивно се однесувал со полицаец што вршел обезбедување на претседателските избори
Вчера, во 18.45 часот, полициски службеници од СВР Тетово пред влезот на основно училиште во Тетово го привеле Ѓ. Ј. (37) од Тетово затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеник што вршел обезбедување при одржувањето на претседателските избори.
По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.