Црна хроника
Малолетник ограбен кај Соборен храм
Непознат крадец во понеделникот попладне ограбил малолетник на автобуската постојка кај Соборен храм, соопшти МВР.
Арамијата му пришол на детето додека се возело во автобус број 22 и му го зел мобилниот телефон од раце. Му рекол да слезе од автобусот ако сака да му го врати телефонот. Но, наместо да му го врати му го украл и рачниот часовник „сеико“, 25 денари и јакната.Крадецот веднаш избегал со плен вреден вкупно околу 50.000 денари. Случајот во полиција го пријавила мајката на малолетникот. Полицијата го бара крадецот./крај/мвр
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.