Црна хроника
Малолетник преживеа струен удар на железничката во Велес
Четиринаесетгодишно дете преживеа струен удар на железничката станица во Велес. Поради сериозните повреди, момчето е префрлено на скопските клиники. Дел од медиумите јавуваат дека детето се качило на вагоните за да направи селфи.
Трагедијата се случила околу пладне. Според информациите од велешката полиција, четиринаесетгодишникот се качил на еден од вагоните поставени во композиција на последните перони на железничката станица. Најверојатно момчето имало намера на тој начин да ги премине колосеците. Детето кога се искачило на вагонот цистерна се допрело до електричните водови кои биле под напојување од 25 илјади волти. Високиот напон веднаш предизвикал оган, па телото на момчето било цело во пламен. Случајот први го забележале вработени во блиската конфекција. Со апарат за гасење пожар го неутрализирале оганот.Сепак не можеле да го симнат детето поради електричното напојување. Биле повикани екипи на ЕВН и железницата кои за кратко ја прекинале струјата во електричните водови. Интервенирала и територијалната противпожарна единица. По ова момчето веднаш било симнато од вагонот и со возило на брзата помош е транспортирано во велешката болница. Лекарите од хирушкото одделение констатирале голем процент на изгореници. Детето било свесно, но со отежаното дишење, информираат од велешката болница. По укажаната прва помош, 14 годишното момче било транспортирано на клиниките во Скопје. Инаку увид на местото на несреќата направила полиција./крај/мф
Извор: Lisica.mk
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.