Црна хроника
Малолетник со нож нападнат во Сити Мол, во Прилеп пресметка со шипки
Малолетник во скопскиот трговски центар Сити Мол е физички нападнат во петокот вечерта, при што му биле упатени закани со нож, а двајца браќа во Прилеп двајца браќа од непознати лица се нападнат со метални шипки при што е тешко оштетено нивното возило, се наведува во билтенот на Министерството за внатрешни работи.
Инцидентот во Трговскиот центар „Сити Мол“, се случил во петокот по 21,20 часот, кога 16-годишен малолетник, кој бил во друштво со неколку негови другари, исто така сите малолетни, без повод и причина бил физички нападнат од страна на негов врсник кој бил во друштво со повеќе лица на различна возраст. Насилникот со тупаници во пределот на главата го нападнал малолетникот, а потоа извадил и нож со кој му се заканувал.
Осомничениот е пронајден и приведен во Полициската станица Карпош, и извршен е разговор во присуство на родител и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Во петокот, исто така, пријавен е инцидент кој се случил околу 16 часот на улицата „Славеј Планина“ во Прилеп. Имено 49-годишниот Б.П. кој бил заедно со неговиот брат бил нападнат, откако го паркирал неговото возило пред неговиот дом и по кусо време се паркирало друго возило во кое биле две лица. Тие излегле од возилото, по што едно од лицата кое имало шипка во рацете почнал вербално да се заканува, по што ја искршил задната шофершајбна, а потоа и ретровизорот од возилото на оштетениот.
Сопругата на Б.П. се обидела да го спречи, но насилникот со шипката ја удрил во пределот на рамото. Двете лица потоа влегле во возилото и откако го ставиле во движење удриле во џипот по што го напуштиле местото на настанот. Се работи на целосно расчистување на случајот./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.