Црна хроника
Малолетник во сообраќајка усмрти моторџија во Гостивар
Автомобил со кој управувал малолетник удри во мотоцикл во Гостивар, при што загина моторџијата, а сопатниците во автомобилот и на моторот не се повредени, соопшти Јавното обвинителство.
Автомобил со кој управувал малолетник удри во мотоцикл во Гостивар, при што загина моторџијата, а сопатниците во автомобилот и на моторот не се повредени, соопшти Јавното обвинителство.
Основното јавно обвинителство – Гостивар изврши увид на лице место на тешка сообраќајна несреќа во која животот го загуби едно лице. Сообраќајната несреќа се случила во петок наутро, околу 2.30 часот, во близина на зградата на судот во Гостивар.Имено, автомобил марка „голф“, со кој според првичните сознанија управувал 16-годишниот Б.А., удрил во мотоцикл управуван од 31-годишниот М.Б. Од ударот М.Б. се здобил со тешки телесни повреди и починал на лице место. Возачот на голфот и неговите тројца сопатници, како и сопатникот на мотоциклот не се повредени.Надлежниот јавен обвинител издаде Наредба за обдукција на телото на починатиот, а нареди и анализи на крв и урина на сите учесници во сообраќајната несреќа. Исто така, со цел со сигурност да се потврди кој точно управувал со возилото и мотоциклот, надлежниот јавен обвинител нареди да бидат земени ДНК профили на сите учесници во сообраќајната несреќа, кои ќе бидат споредени со трагите пронајдени на лице место./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Во судир помеѓу „бмв“ и мотоцикл, тешко повреден 23-годишник од Скопје
Вчера во 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од регионалниот пат Скопје–Тетово и локалниот пат село Сарај–село Глумово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 21-годишниот С.О. од Република Турција, со престој во Скопје и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од 23-годишниот Ф.Ќ. од Скопје, извести МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, велат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Тешко повредена скопјанка, во неа удрил „опел“
Вчера во 12.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Јордан Мијалков“ во Скопје, патничко моторно возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано 38-годишниот Ј.К. од село Марино, општина Илинден, удрило во пешакот, 64-годишната М.Г. од Скопје, извести МВР.
– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Г. констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Уапсен Турчин на граничниот премин Ќафасан, на увид дал фалсификувана патна исправа
Денеска во 01.00 часот на Граничниот премин „Ќафасан“, полициски службеници го лишиле од слобода 48-годишниот Т.С.Т. од Република Турција затоа што при пасошка контрола било констатирано дека на увид приложил фалсификувана патна исправа, извести МВР.
Известен бил Јавен обвинител, а тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Струга за понатамошна постапка.