Црна хроника
Малолетникот кој пријави дека се самоповредил со нож, бил нападнат и прободен

Малолетникот кој викендов пријави дека се самоповредил во студентскиот дом „Кочо Рацин“ во Битола, го смени исказот и пријави дека бил нападнат и прободен со нож.
Според неговиот нов исказ кој го дал во полиција во присуство на неговиот татко, седумнаесетгодишниот битолчанец бил нападнат на 16 октомври околу 21 часот додека се движел на улицата „Сотир Брбевски“ во Битола. Таму го пресретнало непознато лице кое му побарало пари. Момчето му рекло дека нема пари, а напаѓачот почнал да му се заканува дека ќе му ја запали куќата и почнал да го навредува, а со навреди возвратил и малолетникот. Непознатото лице почнал да го влече и да го удира со раце во пределот телото, по што момчето се повлекло во студентскиот дом во собата на неговите другари, каде осетил болка во левото рамо, а кога се соблекол забележал крв. Се обиделе да го сопрат крварењето, а потоа двајца другари што живееле во Домот со такси возило го однеле во Клиничката болница во Битола, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Момчето најпрвин пријави дека се самиот се повредил бидејќи бил исплашен од настанот. Момчето првин во полиција пријави дека самиот се повредил кога скокнал со грб на креветот, на којшто имало оставено нож.СВР-Битола презема мерки за целосно расчистување и документирање на случајот./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Исчезнат велешанец, внукот пријавил во полиција

Маж на возраст од 59 години бил пријавен за исчезнат во СВР Велес вчера во 19 часот.
За исчезнувањето пријавил неговиот внук кој рекол дека педесет и девет годишниот вујко Д.П се оддалечил од неговиот дом во којшто живеел сам.
Од СВР Велес ја потврдија информацијата, и како што велат – потрагата е во тек.
Црна хроника
Приведена скопјанка за издржување затворска казна од две години и шест месеци

Околу 13.30 часот на ул.„Јордан Мијалков“ во Скопје, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги ја лишиле од слобода С.Ц.(63) од Скопје.
Таа била барана по потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор затвор од две години и шест месеци за сторено кривично дело по член 247 од Кривичниот законик.
Лицето било предадено во Полициската станица Центар за понатамошна постапка, по што ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.
Црна хроника
Од обложувалница во Шутка одземени пари, уапсени три лица од Скопје

Полициски службеници од ЕВР Чаир ги лишиле од слобода М.Д.(35), Р.К.(33) и А.И.(36), сите од Скопје.
Тие се сомничат дека околу 22.25 часот на 06.12.2023 во спортска обложувалница на подрачјето на Шуто Оризари со закана кон вработената oдзеле пари од касата. При претрес во домот на М.Д., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пари за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривичното дело.
По целосно документирање на случајот, ЕВР Чаир до ОЈО Скопје ќе поднесе соодветна пријава.