Црна хроника
Маскирани лица го нападнале Саша Богдановиќ
Две маскирани лица во четвртокот попладне го нападнале директорот на ЈП Паркинзи Центар и претседател на општинската организација на СДСМ во Центар, Саша Богдановиќ.
Спорeд пријавата на Богдановиќ, инцидентот се случил во понеделникот вечерта околу 23.50 часот на улица Даме Крапчев додека излегувал од своето возило. Напаѓачите го удриле со тврд предмет и со тупаници и избегале. Инцидентот го пријавил ноќта околу 2 часот.Веднаш по настанот еден од напаѓачите е пронајден и приведен, а станува збор за дваесет и осумгодишен скопјанец. Од извршениот разговор со истиот причина за физичкиот напад биле претходна расправија околу навивачки групи. Се преземаат мерки за пронаоѓање и на второто лице, како и целосно расчистување на настанот, по што ќе следи соодветен поднесок.Минатата недела Богдановиќ обвини дека бил приведен и тепан без причина, по завршувањето ан кошаркарското дерби МЗТ-Работнички. Полицијата, пак, тврдеше дека ги попречувал полицајците во извршувањето на службените дејствија./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
На 19.04.2024 во 12.00 часот во Свети Николе, полициски службеници од Полициската станица Свети Николе ги лишиле од слобода Д.С.(34) и Д.С.(34), двајцата од Свети Николе. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
Денеска (20.04.2024) во 00.55 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Н.(33) од Охрид. Откако бил забележан од полициските службеници во неговото возило, тој фрлил кесичка со бела прашкаста материја која била пронајдена и одземена.
Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.