Црна хроника
Машко-женски тандем ограби тетовец
Доцна ноќта кон неделата педесетгодишен жител на Тетово бил физички нападнат и ограбен од двајца разбојници, машко и женско на засега неутврдена возраст.
Доцна ноќта кон неделата педесетгодишен жител на Тетово бил физички нападнат и ограбен од двајца разбојници, машко и женско на засега неутврдена возраст.
Нападот се случи околу 23.45 часот во Тетово на улицата „В.С.Бато“ во близина на маркетот „Веро“, кога двете лица, машко и женско, го извршиле на разбојништво над 50-годишниот Ф.Н. од Тетово при што му се одземени 3.500 денари, 260 евра и мобилен телефон.
Жртвата додека го паркирала своето возило била пресретната од женското лице, додека машкото пришло одзад и го удрило со тврд предмет во пределот на тилот. Откако паднал од џебот му ги одзеле наведените предмети, по што се дале во бегство. Нападнатиот, притоа, се здобил со оток и расекотина на главата.
Секретаријатот за внатрешни работи Тетово информираше дека презема мерки за расчистување на случајот./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Тетовец агресивно се однесувал со полицаец што вршел обезбедување на претседателските избори
Вчера, во 18.45 часот, полициски службеници од СВР Тетово пред влезот на основно училиште во Тетово го привеле Ѓ. Ј. (37) од Тетово затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеник што вршел обезбедување при одржувањето на претседателските избори.
По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.