Црна хроника
Маж се разнесе со бомба во центарот на Белград
Непознат маж се разнесе во понеделник напладне во центарот на Белград, откако во слаткарница активирал експлозивна направа.
Мажот, кој бил на 50-годишна возраст, влегол во слаткарницата „Петковиќ“, ја покажал бомбата пред вработените и им рекол да излезат надвор.„Ќе ја активирам бомбата, излегувајте надвор“, рекол самоубиецот.Потоа го отстранил осигурувачот, легнал врз бомбата и се разнел.Во експлозијата нема други повредени.Инаку слаткарницата во која беше извршено самоубиството била во сосптвеност на поранешен министер за култура.Полицијата го истражува случајот. /крај/мф/ст
Извор: Blic
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.