Црна хроника
Мигранти предизвикале пожар во Центарот во Визбегово во знак на револт
Мигранти предизвикале пожар во Центарот за азиланти во Визбегово во знак на револт.
Како што информираше командантот на Противпожарната служба, Благоја Менковски, жена сместена во Центарот запалила хартија и предизвикала пожар. Полициските службеници реагирале веднаш, па пожарот бил изгаснат.Пожарот бил предизвикан во знак на револт бидејќи мигрнатите престојувале во Центарот повеќе од три месеци.По пожарот две семесјтва биле префрлени во отворениот дел и треба да пополнат документи за азил, откако претходно дале исказ во обвинителството за постапка што се води против шверцери со мигранти./крај/мф
Извор: Телма
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.