Црна хроника
Минувачи фатиле крадец од Прилеп во Скопје
Двајца крадци со богат плен, бегајќи од станот кој го ограбиле, биле фатени од случајни минувачи, откако сопственичката ги алармирала соседите, зашто претходно ги сретнала крадците на скали.
Двајца крадци со богат плен, бегајќи од станот кој го ограбиле, биле фатени од случајни минувачи, откако сопственичката ги алармирала соседите, зашто претходно ги сретнала крадците на скали.
Одделението за имотни деликти при Отсекот за тешки кражби до основното Јавно Обвинителство-Скопје со кривична пријава го предаде 26-годишниот Г.Т. од Прилеп кој сторил тешка кражба, поради што заработи осум дена притвор.
Пријавениот, на 11 август, околу 14.30 часот на улицата „Атинска“ во Скопје, заедно со уште едно, засега непознато лице извршиле “тешка кражба“ во стан, со што се стекнале со 1.050.000 денари. Откако дошле на наведената адреса, со погоден цврст алат ја обиле цилиндричната брава од влезната врата на станот, ја скршиле, а потоа влегле во станот, извршиле претурање и пребарување, и пронашле и одзеле златен накит, рачни часовници и 2.500 евра. Тие, на скалите, се разминале со ќерката на оштетениот сопственик на станот која во тој момент влегла во влезот од зградата. Кога се обидела да ја отклучи влезната врата од станот, забележала дека бравата е обиена, а кога ја отворила влезната врата видела дека инвентарот во ходникот е претуран. Веднаш се посомневала во лицата со кои се разминала на скалилата и со трчање се упатила кон соседката, која во моментот била во ходникот со уште едно лице кои исто така ги забележале Г.Т и другото лице.
Откако кажала дека станот е провален, заедно се упатиле кон излезот по лицата, кои во тој момент излегувале од зградата и на улица „Римска“ во близина на детската градинка „Мајски Цвет“. Соседката и лицето што било со неа се доближиле до Г.Т. и другото непознато лице, кои откако ги забележале се обиделе да избегаат. Граѓанинот успеал да го фати и задржи Г.Т., а другото непознато лице успеало да избега, носејќи со него една кеса со непознати предмети.
По пријавувањето на кривичното дело на местото на настанот пристигнале полициски службеници кои го уапсиле крадецот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.