Црна хроника
Млад гостиварец убиен по расправија за сообраќаен прекршок
Млад гостиварец бил убиен во понеделникот вечерта по расправија за сообраќаен прекршок.
Според првичните информации, несреќата се случила на улицата „Седек Костовски“ во близина на пораншениот „Жито Шар“ околу 22 часот. Наводно, дваесет и четиригодишниот гостиварец возејќи се со автомобил „голф“ застанал пред возилото на осомничениот за убиството и почнале расправија. Во расправијата биле испукани повеќе куршуми, а еден завршил во стомакот на помладиот возач.По ранувањето, бил пренесен во гостиварската болница, а оттука на скопските клиники, каде им подлегнал на повредите.Од СВР Тетово за Макфакс потврдија дека осомничениот за убиство синоќа сам се предал во гостиварската полициска станица каде е задржан.
Детали околу идентитетот и мотивите кои довеле до трагичниот настан ќе бидат познати во текот на денот и треба да ги соопшти Основното Јавно обвинителство Гостивар./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.