Црна хроника
Moтоциклист прeнесен во болница по сообраќајна незгода во Скопје
Вчера, на улицата Јане Сандански во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл управуван од 50-годишен скопјанец и патничко возило со скопски регистарски ознаки, управувано од Д. И. (74) од Скопје, при што двајцата удриле во паркирано патничко возило.
Во незгодата тешки телесни повреди добил мотоциклистот, кој со возило на итната медицинска помош бил пренесен на Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му била укажана лекарска помош.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.