Црна хроника
Мортус пијан го бркал синот со нож и го запалил троседот
Страшна семејна драма се одвивала во куќата на еден штипјанец, кој пијан го бркал синот со нож, го запалил троседот и си ги сечел вените со стаклено шише.
Како што соопшти полицијата, во саботата околу 18.10 часот во Штип во куќата сопственост на С.Д. (48), настанала расправија помеѓу него и неговиот син Д.Д. (25). Во расправијата С.Д. зел нож со кој го бркал Д.Д., кој избегал, по што таткото се вратил во куќата и го запалил троседот во дневната соба, искршил шише и се исекол по рацете, а потоа со такси се оддалечил.
Пожарот е изгаснат, оштетен бил мал дел од троседот. С.Д. е приведен во полициската станица Штип каде му е извршено алкотестирање и констатирано е присуство на алкохол од 2,66 промили алкохол во крвта. Истиот е задржан во просториите на полициската станица Штип до негово отрезнување.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.