Црна хроника
Мотоциклист, пешак и сопатник повредени во сообраќајки
Двајца мотоциклисти и еден пешак се повредени во сообраќајни несреќи што се случиле во средата во Битола, Прилеп и Штип.
Сообраќајката во Битола се случила во средата околу 18.45 часот на улица „Партизанска“. Дваесет и петгодишен битолчанец управувајќи мотор „Јамаха“ изгубил контрола и паднал на коловозот. Мотоциклистот се здобил со скршеница на десна клучна коска и по укажаната лекарска помош во Клиничка болница Битола, е пуштен на домашно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Битола.Моторот бил со охридски регистерски таблици во сопственост на охриѓанец. Осумдесет и едногодишен пешак бил прегазен во средата попладне на крстосницата „Марксова“ и булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Го прегазил автомобил „Пасат“, со којшто управувал дваесет и шестгодишен прилепчанец. Пешакот со здобил со тешки телесни повреди.Штипјанец е повреден во сообраќајка што се случила во средата вечерта на магистралниот пат Штип – Велес. Сообраќајката се случила меѓу „форд галакси“ и мотоцикл „сузуки“, без регистарски ознаки, управуван од непознато лице кое по незгодата го напуштило местото. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот на мотоциклот кој е пренесен и задржан на лекување во Медицински центар Штип. Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС-Свети Николе. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.