Црна хроника
Мотоциклист тешко повреден, моторот украден од местото на несреќата
Мотоциклист од Виница на возраст од 19 години е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила во четвртокот наутро околу 6.40 часот на регионалниот пат Виница – село Смојмирово. Марката на моторот е непозната бидејќи бил украден од местото на несреќата.
Тешко повредениот возач бил пренесен во Здравствен дом Виница, потоа во Општа болница Кочани, од каде поради сериозноста на повредите е препратен во Клинички центар копје.Моторот по несреќата бил тргнат од местото на несреќата и однесен во непознат правец. Пполицијата во Виница презема мерки за негово пронаоѓање. Увид на местото на настанот извршила екипа од тамошната полициска станица.Мотоциклист во Скопје, пак, во чевртокот вечерта околу 19.20 часот прегазил пешак на булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов“, во непосредна близина со крстосница со улицата „9- ти Мај“.Осумнаесетгодишниот мотоциклист од Скопје удрил во педесет и едногодишен пешак од струшкото село Лабуништо. Пешакот се здобил со тешки телесни повреди и се наоѓа во животна опасност, а мотоциклист е полесно повреден./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.