Црна хроника
Мотоциклист загина кај Кичево, воз прегази скопјанец кај Тетово
Во две сообраќајни несреќи во средата, живите ги загубија две лица, откако возач од Кичево со нерегистриран мотоцикл се здоби со фатални повреди кај Сатеска, а кај Тетово патнички воз прегази скопјанец маж.
Во четвртокот околу 1820 часот, на автопатот Кичево – Гостивар, кај местото Сатеска се случила сообраќајна незгода меѓу автомобил „мерцедес“ со охридски регистерски ознаки, кој го управувал 39-годишниот Ќ.М. од селото Подмоље, охридско и мотоцикл „кавасаки“ без регистерски ознаки, управуван од 24-годишниот Бетим Ш.(1990) од Кичево. Во незгодата кичевецот се здобил со тешки телесни повреди од кои починал на самото место. Возачот на „мерцедесот“, пак, исто така бил потешко повреден и по укажаната медицинска помош во Медицинскиот центар Кичево е пренесен на лекување во клиничкиот универзитетски центар во Скопје. Поради увидот на јавен обвинител и полицијата од Кичево, сообраќајот беше во прекин од 18.20 до 20.30 часот.Речиси истовремено, околу 18 часот на делот од пругата меѓу Тетово и Гостивар, во непосредна близина на патниот премин во близина на фабриката „Тетекс“ пред Тетово, патничкиот воз бр.662 кој сообраќал на релација Скопје – Кичево, прегазил пешак. Засега неидентификуваниот маж веднаш им подлегнал на фаталните повреди, а смртта ја констатирал доктор од службата за Итна медицинска помош од Медицинскиот центар По увидот, тетовската полиција го утврдила идентитетот на настраданиот, односно станува збор за 31-годишниот Гоце Г. од Скопје. По наредба на Јавниот обвинител, телото на починатиот е предадено на семејството за погреб. Железничкиот сообраќај беше во прекин од 18.00 до 21.15 часот во средата./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.