Црна хроника
Мртов маж пронајден во куќа во Пласница
Во семејна куќа во селото Пласница, во близина на Македонски Брод, во саботата доцна вечерта е пронајдено безживотно тело на 71-годиѓен маж, извести во неделата полицијата.
Во семејна куќа во селото Пласница, во близина на Македонски Брод, во саботата доцна вечерта е пронајдено безживотно тело на 71-годиѓен маж, извести во неделата полицијата.
Телото облеано во крв, на починатиот идентификуван со иницијалите Р.А, било најдено околу 22,15 часот во внатрешноста на семејната куќа пред скалите.
Лекар од службата за Брза помош ја констатирал смртта со видливи повреди во пределот на главата. Увид на лице место извршил Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица во Македонски Брод, а по наредба на обвинителот, телото на починатиот е предадено за обдукција./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.