Црна хроника
Му го скршил черепот се земјоделска алатка
Жител на кочанското село Зрновци завршил во болница со телешки телесни повреди, откако бил нападнат со земјоделска алатка од соселанец поради должничко доверителски односи.
Инцидентото се случил околу 16,15 часот во с.Зрновци-Кочани, во близина на паркот, кога пред продавница настанала расправија помеѓу К.И.(53) и Б.С.(48), и двајцата од с.Зрновци.
По расправијата, Б.С. отишол во својот дом од каде земал земјоделска алатка – сор, се вратил пред продавницата, и со истата замавнал и го удрил К.И. во пределот на главата, нанесувајки му расекотина, по што побегнал.
На К.И. му е укажана медицинска помош во ЗД Кочани, каде му е скршеница на левата страна на черепот, а поради сериозноста на повредите пренесен е и хоспитализиран во КБ Штип, каде му е извршено алкотестирање и е утврдено присуство од 2,12 грам-промили на алкохол во организмот.
Увид на лице место извршила екипа од ПС Кочани и се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на настанот. /крај/мф/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.