Црна хроника
Му ја скршил главата со шипка, по расправија за паркирање
Едни лице е тепшко повредено во саботата во центарот на Скопје по расправија поради паркирање.
Инцидентот се случил околу 15 часот во саботата на булеварот „Филип Втори Македонски“, пред влезот на подземната паркинг гаража во Трговскиот центар „Мавровка“, кога 27-годишниот Е.Р. од скопското село Студеничани го паркирал својот автомобил „голф“ на тротоарот.
Тогаш, настанала меѓусебна расправија и потоа и тепачка меѓу возачот и 36-годишниот С.Ш. од Скопје, кој е вработен во фирмата „Франк“ која стопанисува со подземната гаража. Во тепачката било скршено задното ветробранско стакло одвозлиото, а потоа Е.Р. со метална шипка го удрил С.Ш. во главата, по што овој паднал на асфалтот.
Е.Р. побегнал во непознат правец оставајќи го возилото, додека С.Ш. со возило на итната медицинска помош е пренесен во Гратската општа болница „Свети Наум Охритски“ каде му се констатирани фрактура на черепот со крварење од увото./.крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.