Црна хроника
Му се слошило и паднал од висина: тешко повреден работник од Скопско
Вчера во 17:45 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.К.(49) од с.Студеничани, скопско.
Според пријавеното, околу 15:00 часот, додека извршувал работни задачи во објект во изградба на подрачјето на Карпош, му се слошило и паднал од висина.
За настанот се известени јавен обвинител и трудов инспектор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
