Црна хроника
МВР негира дека имало акција во Липковскиот регион
Министерството за внатрешни работи ги негираше информациите дека имало антитеористичка акција во Слупчане и Ваксинце, а идентична потврда има и на социјалните мрежи од жителите на овој регион.
Портпаролот на МВР Иво Котевски за „Република“ изјави дека нема никаква акција во тој регион.
„Министерството за внатрешна политика, чиј портпарол сум јас, утринава не спроведува никаква антитерористичка акција“, вели Иво Котевски.
Порталот „Кумановски муабети“ пренесува шпекулации кои кружат по социјалните мрежи во врска со пукотниците дека се работи за отварање на ловна сезона, односно, бркотница со дивокрадци.
Инаку, пукањето во Куманово како и во Липковскиот регион за време на свадбените веселби не престана во текот на летото, па не е исклучена можноста, ова утро да се работи за таков вид на истрели, пишува кумановскиот протал.
Дел од медиумите објавија дека во сабота во 6:30 започнала акција на МВР за разбивање на добро вооружена терористичка група која била стационирана во реонот на Слупчане и Ваксинце. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Крадел во викенд-куќа во Берово: уапсен 36-годишен маж
Вчера, во 18.40 часот, во викенд-куќа на улицата Туристичка во Берово, полициски службеници од Полициската станица Берово го лишиле од слобода Б. Ч. (36) од Берово.
Тој бил затекнат при извршување кривично дело тешка кражба од викенд-куќата, од каде што одзел повеќе предмети.
Бил задржан во полициска станица и во службен разговор признал уште едно кривично дело тешка кражба од друга викенд-куќа.
Некои од одземените предмети биле пронајдени и вратени на оштетените граѓани. По комплетирање на случаите, против Б. Ч. ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Црна хроника
Двајца уапсени, пукале пред кафеана во Охрид
Денеска, во 00.15 часот, пред угостителски објект во охридската населба Чекоштина, полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа 67-годишниот К. Б. и 37-годишниот М. П., двајцата од Охрид, извести СВР Охрид.
„Тие претходно го нарушиле јавниот ред и мир со пукање во воздух од пиштол ‘радом’ во калибар од 9 милиметри, сопственост на М. П.“, велат од СВР Охрид.
Пиштолот е одземен и по целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
Нападната и ограбена охриѓанка, со тешки повреди пренесена во болница
Вчера во 10.15 часот во СВР Охрид е пријавено дека, на улицата „Марко Несторовски“ во Охрид, едно лице физички ја нападнало 53-годишната О.Т. од Охрид и ѝ одзел пари, извести СВР Охрид.
„Притоа, таа се здобила со тешки телесни повреди констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид“, велат од СВР Охрид.
За настанот, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.