Црна хроника
МВР: Пасошите се заштитени од злоупотреба и фалсификат
Македонските патни исправи од втората генерација, се меѓу водечките во Европа во однос на заштитните елементи кои ги поседуваат за надминување на ризиците од потенцијална злоупотреба и фалсификат.
Ова се наведува во соопштението на Минситерстото за внатрешни работи (МВР) објавено во петокот попладне како реакцијата на текст во еден медиум во кој се зинесени сомневања за постоење на тајна фабрика за пасоши.
Патните исправи содржат преку 20 елементи на заштита поделени во четири категории, почнувајќи од самата хартија, преку заштитата на страницата за личните податоци, па се до заштитата при персонализацијата во машински читливата зона и заштитата при внесувањето на податоците во чипот од втората генерација, стои во реакцијата.
Дополнително, македонската патна исправа може да ја активира само нејзиниот сопственик со што таа се вбројува меѓу најбезбедните во моментов.
Од МВР информират дека досега немало никаков проблем, односно ниту недостасувале или пак во моментов недостасуваат оригинални обрасци.
Од друга страна од ниту една граница, земја или институција нема пријавено дека некој злоупотребувал фалсификувани обрасци за каква било потреба.
„МВР се надева дека „алармирањето“ на Фокус не е по нечиј налог туку дека навистина постојат докази и сомненија дека некој фалсификувал и злоупотребувал македонска патна исправа. Остануваме отворени и го охрабруваме Фокус да ги приложи доказите и сомненијата за да се оттргнат сите дилеми за тенденциозни и несериозни монтажи и измислени обвинувања“, се вели во соопштението на МВР. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.