Црна хроника
МВР: Полицајците не употребија средства за присилба на масата на протестот во Бутел
Полицајците кои биле ангажирани на протестот на приврзаниците на ДУИ поради поставување камен темелник за изградба на 55-метарски крст што се одржа во четвртокот попладнето во скопската населба Бутел, не употребиле средства за присилба врз масата, како и мерки од овластувањата, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.
Според официјалните информации од МВР, 1.500 граѓани во организација на Демократската унија за интеграции (ДУИ) почнале да се собираат на улицата „Кемал Сејфула“ околу 16 часот. Околу 17 часот на тоа место дошле граѓани од општина Сарај во колона со околу 100 возила. На протестот, кој се одржа кај кружниот тек на крстосницата на улиците „Александар Урдаревски“ и „Боца Иванова“, поточно на местото каде што во саботата беше поставен камен темелник на крст, во моментот додека градоначалникот на Чаир даваше изјава за медиумите, дел од насобраната маса насилно ја урна оградата поставена околу темелите на крстот, а дрвената ограда ја запалија при што беше опожарена и една од засадените палми.Околу 18 часот, бројот на демонстранти почна да се намалува и околу 19,30 часот остана група од околу 100-150 граѓани со околу 20-25 возила паркирани во тревникот околу поставените шатори и на коловоз, соопштуваат од МВР./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.